Босанците не губат од Грција, „црвената фурија“ ќе ја „оддува“ Малта

Натпреварите од квалификациите за ЕП 2020 доминираат во фудбалската понуда и треба да бидат задолжителен декор од тикетите уплатени во Sport Life. Ние ви предлагаме да играте и на пријателскиот меч Чешка – Бразил. Репрезентативните дуели по традиција не се лесни за погодување, но затоа предизвикот е поголем.

 

Чешка – Бразил (20.45 часот)

Чешка и Бразил не се прославија на натпреварите кои ги играа пред неколку дена. Чесите беа разбиени од Англија, а Бразилците одиграа само нерешено со Панама. Чешка нема нерешено на последните 17 меча. Последните пет меча на „кариоките“ се со 0-2 гола, што не е баш карактеристично за селекција која игра отворен фудбал.

Предлог тип: Т2 1+I & T2 2+ (1.95)

 

БиХ – Грција (20.45 часот)

Ова е важен меч бидејќи Босанците со Италијанците и Грците се борат за две места на ЕП. Повредата на Митроглу не е проблем за нашите јужни соседи бидејќи неговата резерва даде два гола против Лихтенштајн. Претходниот меѓусебен дуел заврши 0-0, а тимот на селекторот Просинечки дома дава барем по два гола на пет од последните осум средби.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (2.00)

 

Швајцарија – Данска (20.45 часот)

Швајцарија рутински победи во Грузија, но сега има потежок тест против ривал со кого не се сретнале 20 години. Данска има серија од шест средби по ред без пораз, а на СП загуби на пенали од Хрватска по голема борба. И вечерва во Базел ќе има борба и надмудрување. Швајцарија на последните осум меча има по четири победи и порази.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.30)

 

Малта – Шпанија (20.45 часот)

Тука нема шанси да се случи изненадување, Шпанија сигурно ќе победи. Малтежаните ги победија Фарските Острови, нивен прв триумф од 2013 година. Но, „црвената фурија“ е друго ниво. Малта нема дадено гол против Шпанија уште од оној легендарен и контроверзен меч во 1983 година, кога Шпанците победија со 12-1 во меч на којшто им требаше победа од 11 разлика за да одат на ЕП.

Предлог тип: 2 & 3-4 (2.45)

 

Норвешка – Шведска (20.45 часот)

Скандинавското дерби може да отиде во секаков правец и ќе биде вистински предизвик да се погоди исходот. Норвешка загуби од Шпанија со 1-2, додека Швеѓаните ја совладаа Романија. Интересно е што Норвежаните дома не ја совладале Шведска речиси 42 години. Последните три меѓусебни дуели во Норвешка завршија нерешено. Швеѓаните не се многу ефикасни на гости, а Норвешка не прима премногу голови.

Предлог тип: 0-2 гола (1.60)

- Оглас -

Најнови вести