Унгарија – Исланд, Северна Ирска – Словачка, Србија – Шкотска и Грузија – Македонија се четирите финални меча од Лигата на нациите чии победници ќе одат на ЕП следната година.
Унгарија и Исланд денеска победија во регуларниот дел, исто како и Грузија и Македонија, а на останатите четири меча се играа продолженија. Србите се пласираа со победа над Норвешка по екстра 30 минути, со два гола на Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Пенали се изведуваа во Сараево, каде што се радуваше Северна Ирска, а во Братислава и Глазгов се радуваа домашните. Кај Босанците трагичар е Вишча, кај Република Ирска против Словачка клучниот пенал го утна Дохерти, додека ѕвездата Захави не погоди од белата точка за Израел во пенал-серијата против Шкотите.