Босна и Херцеговина доби селектор кој седум години никаде не работел

Душан Бајевиќ е назначен за нов селектор на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина. Бајевиќ доаѓа на местото на Роберт Просинечки, кој доби отказ, откако не успеа преку квалификациите да обезбеди место на Европското првенство кое се игра следната година.

Бајевиќ тренерската кариера ја има започнато во далечната 1984 година како предводник на Вележ. Најголемиот дел од кариерата работел во Грција, а бил на чело на Олимпијакос, АЕК, ПАОК и Арис. Една сезона беше тренер и на Црвена ѕвезда.

Интересно е тоа што Бајевиќ последниот тренерски ангажман го имал во 2012 година во Атромитос, а од тогаш до сега нема работено никаде. Главна цел на Бајевиќ ќе биде да ја одведе БиХ на континеталниот собир преку бараж мечевите во Лигата на нации.

- Оглас -

Најнови вести