Словенија победи со 2:1 во контролен меч против Босна и Херцеговина. Ваквите натпревари често се користат за испробување на некои нови варијанти, а селекторот на БиХ, Сергеј Барбарез, реши да тестира нова тактика за изведување корнер.
Се играше седмата минута кога БиХ доби корнер, па дури шестмина играчи на гостите се наредија на работ од шеснаесетникот. Ваква формација при изведување корнер досега не е видена во светскиот фудбал, а на крајот реализацијата на овој иновативен начин излезе неефикасна.