9.8 C
Skopje
вторник, 18 ноември 2025

Шкотска со гол во 90+3 минута се пласираше на СП, мундијалска виза добија и Австрија, Белгија и Швајцарија

Шкотската фудбалска репрезентација се пласираше на Светското првенство кое ќе се игра следната година и тоа на најдраматичен можен начин. На свој терен во Глазгов, Шкотска со 4:2 ја победи Данска во дуел со директниот ривал.

Шкотска водеше со 1:0, потоа и со 2:1, но Данска израмнуваше за да во 90+3 минута Скот Тирни погоди за 3:2 и голема радост на трибините на стадионот. Данска тргна да израмни, но тогаш Кени Меклин даде гол од половина терен за конечни 4:2. Со оваа победа, Шкотска го презема првото место, а Данска заврши како второпласирана и ќе игра во баражот.

Австрија на свој терен одигра 1:1 против Босна и Херцеговина и тоа доволно да остане на првото место на табелата во својата група.

На Швајцарија доволно и беше ремито 1:1 против Косово за да остане прва во групата, додека Белгија немаше никакви проблеми и со 7:0 го декласираше Лихтенштајн.

Резултати: Австрија – Босна и Херцеговина 1:1, Белгија – Лихтенштајн 7:0, Белорусија – Грција 0:0, Бугарија – Грузија 2:1, Косово – Швајцарија 1:1, Романија – Сан Марино 7:1, Шкотска – Данска 4:2, Шпанија – Турција 2:2, Шведска – Словенија 1:1 и Велс – Македонија 6:1.

 

- Оглас -

Најнови вести