Освен Македонија, на СП 2026 ќе ја нема и селекцијата на Велс. Тоа е таа репрезентација која само пред пет месеци ја понижи Македонија и ја победи со убедливи 7:1 во Кардиф. Делуваше тогаш дека Велшаните се надмоќни, доминнатни и дека може да постигнат гол кога сакаат, што и се случуваше, па ја наполнија македонската мрежа со седум „парчиња“.
Сепак, дека Велс не е толку голем и фудбалски моќен, се покажа синоќа. На својот стадион во Кардиф, Велс е елиминиран од Босна и Херцеговина. Водеа Велшаните со 1:0, кога Един Џеко во 85-тата минута со глава погоди за 1:1. Потоа немаше промена на резутлатот до 120-тата минута, па победникот се решаваше на пенали.
Во пенал-рулетот, Босна и Херцеговина беше подобра и победи со 4:2, па се пласира во финалето на баражот за пласман на СП 2026, а Велс ќе си остане дома.

