Фудбалската федерација на Хрватска потврди дека следната сезона финалето на Купот ќе се игра во само еден меч, па сега Босна и Херцеговина останува единствена земја во Европа каде финалната битка за трофејот во купот се води во два меча.
Во Македонија уште од осамостојувањето, финалето е во еден меч, 90 минути на сè или ништо, што е многу поатрактивно за публиката.
Минатата сезона финале во два меча имаа само БиХ и Хрватска. Хрватите неколку пати го менуваат форматот, а сега објавија дека финалето во 2026 ќе се игра во еден меч и тоа на стадионот во Осиек.