Босна и Херцеговина прифати да игра контролен меч против Русија

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина се согласила да одигра контролен меч против Русија. Ова ќе биде прв меч за Русите по повеќе од шест месеци пауза, односно откако започнаа санкциите кон Русија на сите полиња.

Русите не добија шанса да се борат во баражот за пласман на Мундијалот во Катар, а сите руски фудбалски екипи се суспендирани од натпреварите на УЕФА и ФИФА. Руската федерација упатила покана до БиХ за меч во ноември 2022 година, термин кој е одреден за пријателски на ФИФА.

Од УЕФА засега нема реакција за некаква казна за БиХ, а од европската куќа на фудбалот се потенцира дека споменатиот термин е во календарот на ФИФА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести