Босна и Херцеговина сака да победи таму каде што Италија не се радуваше

Полска ја пречекува Босна и Херцеговина во меч од четвртото коло во Сегментот А од Лигата на нациите. По досега одиграните мечевии во групната фаза, БиХ има освоено само два бода од три меча, а Полска е со четири бода од три средби.

За БиХ заврши најважната мисија во оваа година откако загуби на свој терен од Северна Ирска во плејофот за баражот за пласман на Европското првенство. Сепак, селекторот Душан Бајевиќ изјави дека секогаш кога се игра за националниот дрес, мотивот е посилен.

„И покрај тоа што сме разочарани и не влеговме во финалето на баражот за пласман на ЕП, имаме обврска до крајот на натпреварувањето во Лигата на нациите да одиграме најдобро што можеме и да го задржиме пласманот во Сегментот А, каде што се најдобрите репрезентации. Левандовски е еден од најдобрите напаѓачи и тој сигурно може да ни направи проблем. Ќе се обидеме да ја играме нашата игра и да донесеме победа. И Полска има исти амбиции како нашите. Дождот може да биде проблем за нас“, вели селекторот Бајевиќ.

Овие две селекции во изминативе 13 години одиграа четири натпревари. Полска има три победи и едно реми, а БиХ досега никогаш не се радувала. Домаќините се надеваат дека вечерва може да се израдуваат на триумф.

Само пред неколку дена, Полска беше домаќин на некогашниот европски и светски првак Италија. Аѕурите се надеваат дека ќе стигнат до трите бода, но на крајот Полска го спречи налетот на гостите и средбата заврши без погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести