Првото место во Х групата од квалификациите за Светското првенство ќе се решава на мегдан во Виена меѓу Австрија и Босна и Херцеговина. Австријците победија со 1:0 кога гостуваа во БиХ, а сега на домашен терен доволно е да не загубат за да останат први во групата и така да обезбедат директен пласман на Светското првенство кое ќе се игра следната година.
Сепак, Босна и Херцеговина полна со оптимизам го чека овој меч, верувајќи дека може да победи на ова гостување. Един Џеко сигурно е главниот адут за прв да даде гол за гостите, а квотата за такво нешто е точно 10. Дури 15-мина фудбалери има во понудата за прв гол или погодок во текот на мечот.
Супер интересна е и комбинацијата БиХ да победи, а Џеко да постигне гол и тоа се вреднува со 15 коефициент. За разлика од оваа комбинација, една од најреалните е Австрија да победи, а Марко Арнаутовиќ да постигне гол е со квота од 2.30.
Тука се и понудите за мераклиите на статистиките, па има суперинтересни комбинации за тоа колку жолти каротни ќе бидат доделени, колку вкупно удари има во рамките на голот, но и кон голот, како и бројот на изведени корнери, направени фаули и колку пати ќе биде подигнато знаменцето за офсајд.


