19.8 C
Skopje
недела, 7 септември 2025

Босна и Херцеговина во перфектен ритам го продолжува сонот за СП

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина славеше убедливо со 6:0 на гостувањето кај Сан Марино, во меч од четвртото коло во квалификациите за пласман на Светското првенство кое ќе се игра следната година.

БиХ и пред мечот важеше за голем фаворит, а работата им беше олесната откако во 16 минута Сан Марино остана со играч помалку откако црвен картон доби Голинуци.

Само пет минути подоцна Тахировиќ погоди за водство од 1:0 и најави дека трите бода ќе заминат за гостите.

Иако имаа играч повеќе, БиХ се мачеше се до 70 минута кога Един Џеко за две минути постигна два гола за 3:0 и ги реши сите дилеми околу победникот, а играта на домаќините се распадна.

 

- Оглас -

Најнови вести