Макс Алегри, тренерот на Јувентус, им одржа лекција на Душан Влаховиќ и Вестон Мекени како се дава гол со многу ефе и шут надвор од теренските линии.
Двајцата играчи на Јуве се натпреваруваа меѓу себе кој ќе погоди од тешкиот агол, а потоа на сцената се појави Алегри, ги соблече патиките и чорапите, шутираше бос и со својот прв обид го погоди голот.
Како вистински фудбалски мајстор.