Бугарија дојде до првата победа на Евробаскетот 2022, и тоа откако вечерва пред 8.000 грузиски фанови во Тбилиси ја победи Грузија со 92-80.
Грузијците во претходното коло ја изненадија Турција, а сега, кога беа во улога на фаворити, потфрлија и ги шокираа своите навивачи.
Бост со 33 и Везенков со 28 поени беа најефикасни во составот на селекторот Барчовски. Нашите источни соседи во следното коло играат со Белгија и ако победат, може да се пробијат во осминафиналето.