Бостон против Торонто е дербито на првото коло во плејоф-сериите во НХЛ-лигата. Тоа се единствените две екипи што се пласираа во доигрувањето од „Оригиналните шест“ што ја основаа професионалната хокеарска лига во САД и Канада.
Во новото издание на Полноќниот експрес ќе типуваме уште на два НХЛ-дуели од плејофот и на два тениски меча што се играат на АТП-турнирот во Хјустон.
Бостон бруинс – Торонто мејпл лифс (НХЛ, 01 часот)
Ова се двете единствени екипи од популарните „Original six“ што ја основаа НХЛ-лигата и играат во плејофот. Останатите четири не успеаја. Токму Бостон и Торонто играат меѓусебе во првата плејоф рунда во Источната конференција.
Имаат долга традиција на меѓусебни дуели, а интересен податок е дека на последните 14 пресметки на двата великани на НХЛ-лигата немало нерешен исход.
Сега влогот е голем, се работи за серија по која најмногу во 7 меча ќе се знае која екипа ќе продолжи да бие битка за титулата. Ниту Бостон, ниту Торонто не се во првиот ред фаворити, но и двете имаат квалитет за подвиг и се надеваат дека ќе стигнат до финалето на Стенли купот.
Торонто е втората најуспешна екипа во НХЛ-лигата со 13 титули и 8 финалиња. Само Монтреал има повеќе, точно 24. Бостон е на делба на четвртата позиција со 6 трофеи, колку што има и Чикаго. Тоа го потврдува раскошот на оваа серија на двата гиганти на професионалниот хокеј.
Се очекува неизвесна и долга серија дуели, а ќе типуваме дека почетокот ќе биде со продолженија. Победник во плејоф-сериите мора да има, но очекуваме прво малку подолг меч од стандардните 3 периоди по 20 минути.
Предлог тип: Х (4.00)
Вашингтон капиталс – Каролина хурикјенс (НХЛ, 01.30 часот)
Шампионот ја почнува одбраната на титулата против Каролина, екипа која во самиот финиш обезбеди настап во доигрувањето за титулата.
Ураганите од Каролина имаат три победи по ред, составот им е солиден, нападот предводен од големиот талент Себастијан Ахо им е опасен, но Вашингтон е поинаква димензија.
Домаќинот повторно има шампионски амбиции и има состав за нов триумфален поход. Овечкин, Кузнецов, Вилсон, Хагелин, Орпик и уште неколку врвни хокеари пак се подготвени да одат докрај во обид да ја освојат втората титула во историјата на клубот.
Почетокот секогаш е тежок, но Вашингтон е подобра екипа од Каролина и типуваме дека ќе поведе со 1:0.
Предлог тип: 1 (2.05)
Калгари флејмс – Колорадо авеланш (НХЛ, 04 часот)
Двете екипи се искусни, имаат свои адути и секако амбиции да дотуркаат далеку во плејофот. Калгари имаше подобра регуларна сезона, а Колорадо во финишот успеа да сигне до осмата позиција на Западот и буквално да се протне во плејофот.
Калгари е фаворит во серијата, а интересен е податокот дека ги доби петте последни мечеви со Колорадо како домаќин.
Гудро, Линдхолм, Нил и дружината се фаворити, имаат одлично избалансиран состав, кој игра и ефикасно и ефектно и како лидери во Западната конференција влегуваат со улогата фаворит во серијата со Колорадо.
Предлог тип: 1 (1.90)
Стив Џонсон – Даниел Галан Риверос (Тенис, 01 часот)
Американскиот тенисер игра на својот омилен турнир и е апсолутен фаворит против ривалот од Колумбија. Џонсон има четири титули во кариерата на АТП-турнирите и две од нив му се освоени токму во Хјустон, каде што ноќеска ќе бие битка за пласман во ново четвртфинале.
Галан Риверос е помлад тенисер, има 22 години и ќе се обиде да изненади. Нема некаква најава дека има потенцијал да прерасне во врвен тенисер, досега нема АТП-титула, нити некакви позабележителни резултати.
Џонсон е подоброрангиран, има солидно реноме, беше 21-рангиран тенисер на светот и особено добро знае да игра во Хјустон, па ќе типуваме победа за него.
Предлог тип: 2:0 (1.98)
Сантијаго Жиралдо – Џордан Томпсон (Тенис, 02.30 часот)
Интересна приказна има Жиралдо, најдоброрангираниот Колумбиец во историјата на тенисот во оваа земја, но и без титула на 31-годишна возраст.
Во септември 2014 година стигна до 28-мото место на светската ранг-листа, што не му успеало на ниту еден Колумбиец. Таа година го забележа и најдобриот резултат во кариерата со настап во финалето на престижниот турнир во Барселона, но Кеј Нишикори беше подобар.
Сантијаго наполни 31 година и веќе е во залез на кариерата, барем според резултатите. Не треба да се заборави дека има победи против врвни тенисери од калибарот на Енди Мареј, Жо-Вилфред Цонга, Томи Робредо, Николас Алмагро…
Џордан Томпсон е фаворит, но Жиралдо има квалитет да му се спротивстави на помладиот Австралиец.
Предлог тип: >21.5 гемови (1.75)