Орландо нема магија за легендарниот клуб, ќе загуби ноќеска во Бостон

8378 Бостон селтикс – Орландо меџик (НБА, 00 часот)

Орландо ја нема магијата во оваа сезона и тимот се бори со огромни проблеми со повреди на кошаркарите и со ковид-19.

И ноќеска во Бостон ќе патуваат веројатно без 10-мина играчи, што би бил голем хендикеп и за посилни екипи од Меџик.

Бостон ќе мора да игра без првата ѕвезда Џејсон Тејтум, а отсутен е и Денис Шрудер. Сепак, Келтите имаат многу квалитетен тим што може да го покрие отсуството на двајцата важни кошаркари.

Бостон има пет победи по ред против Орландо во легендарниот „ТД Гарден“ и типуваме дека ќе ја забележи и шестата во низа во меч со помалку од 214 поени.

Предлог тип: 1&<213,5 поени (2.45)

 

8458 Џими Батлер (НБА, Сакраменто кингс – Мајами хит, 00 часот)

Џими Батлер се врати по незгодната повреда на грбот и повторно игра одлично. Просекот на последните три меча откако повторно заигра за Хит му е над 26 поени, а Мајами реди само победи.

Батлер е еден од најнезгодните играчи за чување во НБА-лигата. Моќен атлет што има извонреден одраз, знае да игра со грб, продорен е и кога игра како што умее, лесно може да постигнува над 30 поени.

Сакраменто не може да се пофали со добри одбранбени играчи на крилните позиции, што Батлер може да го искористи и да постигне над 24 поени, колку што е границата во понудата за него во Sport Life.

Предлог тип: >24,5 поени (1.87)

 

8388 Шарлот хорнетс – Феникс санс (НБА, 01 часот)

Пред десеттина дена Феникс го декласира Шарлот со убедлива победа од 137:106, а и сега Сонцата се фаворити.

Феникс го задржа тимот што лани играше во финалето на НБА, но не успеа да ја освои титулата, која замина за Милвоки.

Ноќеска гостите ќе играат без двајца важни играчи, Ајтон и Краудер, но тука се ѕвездите Букер и Пол, кои одлично го предводат Феникс и сезонава, која е многу чудна, со многу проблеми на сите екипи со ковид-19.

Шарлот игра ран-енд-ган кошарка со брзо завршување на нападите, а Феникс има одлична екипа која знае да се прилагоди на секој стил на игра, па очекуваме ефикасен меч во „Спектрум центар“ во Шарлот.

Предлог тип: >231,5 поени (1.94)

 

8391 Лос Анџелес лејкерс – Минесота тимбервулфс (НБА, 03.30 часот)

Леброн Џејмс игра неверојатна кошарка и на 37 години и на последните 7 натпревари постојано е над 30 поени.

Кралот на кошарката во тој циклус има просек од 36 поени, што е фантастичен ефект, но Лејкерс забележаа само две победи и пет порази.

На екипата од Ел-Еј очигледно ѝ фали Ентони Дејвис, еден од најсестраните кошаркари во НБА-лигата.

На Минесота ќе ѝ недостасува Деанџело Расел, кој порано играше за Лејкерс, што е хендикеп за гостите.

Двете екипи постигнуваат многу поени и ќе типуваме на победа на домашниот тим во меч со над 223 поени.

Предлог тип: 1&>223,5 поени (2.80)

 

8335 Чикаго блекхокс – Калгари флејмс (НХЛ, 01 часот)

Со три шампионски круни, Чикаго блекхокс беше најуспешната екипа во НХЛ-лигата во претходната деценија од овој милениум, но моментно немаат екипа ни приближно добра како генерацијата што ја предводеа Кејн, Тевс, Шо, Хоса, Кејт, Сад и останатите хокеари, кои беа непобедливи и во период од пет години од 2010 до 2015 година трипати го креваа пехарот во Стенли купот.

Калгари чека титула од 1989 година, кога единствен пат успеа да бидеш шампион во НХЛ-лигата.

Флејмс моментно е во подобра форма од Чикаго, но подобро е да се одигра на голови.

Предлог тип: >4.5 гола (1.45)

 

 

- Оглас -

Најнови вести