Бостон броеше до седум и поведе со 2-1 против Сент Луис

Бостон бруинс славеше голема победа со 7-2 на првото гостување кај Сент Луис во финалната серија од НХЛ лигата. Екипата од Масачусетс го возврати „брејкот“ и повторно го презеде водството во оваа рунда со 2-1.

Бруинс по загубениот прв меч и тешко изборената победа во втората пресметка, овојпат блескаше и во седум наврати го најде патот до мрежата на противникот. Голеадата ја отвори Бергерон во 11-тата минута од првиот период, а гостите постигнаа уште два гола во првите 20 минути игра.

Набрзо по стартот на втората третина Пастрмак зголеми на 4-0, Сент Луис за момент се врати во игра со погодоците на Барбашев и Парајко, меѓутоа два гола никако не беа доволни. Ачиари и Јохансон ги решија сите дилеми во последните две минути од средбата.

Финалната серија продолжува во ноќта меѓу понеделник и вторник, во 2 часот по полноќ Сент Луис повторно ќе му биде домаќин на Бостон.

- Оглас -

Најнови вести