Бостон е фаворит, но Филаделфија е во серија од седум победи по ред (Фото)

Екипите на Бостон и Филаделфија вечерва ќе го одиграат вториот натпревар од полуфиналето на Источната конференција. Филаделфија има предност од 1-0, откако го доби првиот натпревар во „ТД Гарден арената“ со 115-119.

И покрај поразот на првиот натпревар, екипата на Бостон е фаворит на вечерниот натпревар, а квотата за нивна победа во понудата на Sport Life e 1.37. Доколу Филаделфија го повтори успехот од првиот натпревар, тогаш квотата е далеку повисока, односно 3.50.

Екипата на Филаделфија е во убава серија од 7 натпревари по ред откако ги доби последните два натпревари од регуларниот дел против Атланта и Бруклин, а потоа следуваа уште четири победи над Бруклин во конференциското четвртфинале. Седмиот натпревар во оваа серија на Филаделфија е токму првата победа над Бостон.

Во понудата на Sport Life стандардно може да си го пробате знаењето и на кошгетерите, а тие се вкупно 10-мина за денешниот натпревар, но и на игри со број на скокови, асистенции и комбинации на статистика.

- Оглас -

Најнови вести