20.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Бостон е голем фаворит во дуелот на двете најтрофејни екипи во историјата на НБА (Фото)

Вечерва во НБА-лигата ќе се одиграат четири натпревари за кои Sport Life подготви 154 комбинации за играње.

Дербито на вечерта ќе се игра во „Ти Ди гарден“ во Бостон, каде што ќе се сретнат двете најтрофејни екипи во историјата на НБА-лигата. И Бостон селтикс и ЛА лејкерс имаат по 17 шампионски титули, а сезонава многу подобро им оди на Селтикси, кои се лидери во Источната конференција со учинок 37-11 и вечерва се големи фаворити за триумф.

Лејкерси повторно играат под очекувањата, имаат скор од 24 победи и дури 25 порази и се наоѓаат на деветтото место во Западната конференција. Дополнителен проблем за Лејкерси вечерва може да претставуваат двајцата најдобри кошаркари, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, коишто имаат повреда на зглобот и најверојатно ќе имаат лимитирана минутажа.

Во легендарната арена „Медисон сквер гарден“ ќе се сретнат двата тима кои во 1990-тите години водеа големи битки во плејофот, Њујорк никс и Индијана пејсерс.

Најдобриот играч на Њујорк, Џулиус Рендл, поради повреда на рамото, нема да игра, додека кај Индијана неизвесен е настапот на Тајрис Халибуртон поради повреда на ногата. И покрај неиграњето на Рендл, Њујорк се наоѓа во одлична серија, има осум победи по ред и вечерва е фаворит по деветти пат во низа да слави.

Според квотите, Кливленд кавалирс е фаворит за триумф на гостувањето кај Мемфис гризлис, како и Јута џез, која ја пречекува Филаделфија сиксерс, која ќе игра со својот најдобар играч, Џоел Ембид, а неизвесен е настапот и на сезонава одличниот Тајрис Макси.

Покрај стандардните игри, тука е популарната игра „плус-минус“ поени за кошаркари. Вечерва има 30-мина кошаркари за коишто може да погодувате дали ќе ја надминат или не предложената граница.

- Оглас -

Најнови вести