Бостон е во полуфиналето, Оклахома на чекор од испаѓање

Екипата на Окахома е на еден пораз од елиминација уште во првото коло од НБА-плејофот откако утрово на свој терен загуби од Портланд со 111:98. Си Џеј Мекалум и Демиен Лилард се ѕвездите кои блескаат за Портланд и го предводат тимот кон полуфиналето на Западната конференција. Мекалум даде 27 поени, а Лилард застана на 24 поени.

Овој двоец на гостите беше многу подобар од двете ѕвезди на Оклахома. Расел Вестбрук имаше очаен шут (погоди 5 од 21 шут) и заврши со 14 поени, 9 скока и 7 асистенции, додека Пол Џорџ не можеше сам, па неговите 32 поени, 10 скока и шест асистекции беа премалку за да се радуваат домаќините. Следниот меч Портланд го игра на свој терен и ќе има голема шанса да го елиминира големиот ривал.

Актуелниот првак Голден стејт славеше по втор пат на гости кај ЛА клиперс, овојпат со 113:105 и поведе со 3:1 во серијата. „Воините“ сега на свој терен ќе имаат можност да го елиминираат противникот. Кевин Дурант даде 33 поени, а одличен беше и Клеј Томпсон со 32 поени. Стеф Кари даде само 12 поени, но имаше и 10 скока и 7 асистенции.

Бостон со „метла“ ја исфрли Индијана. Во последниот четврти меч, Бостон победи со 110:106, доволно за да мисли веќе на полуфиналето.

Резултати: Оклахома – Портланд 98:111, Орландо – Торонто 85:107, ЛА клиперс – Голден стејт 105:113, Индијана – Бостон 106:110.

- Оглас -

Најнови вести