28.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Бостон ги доби последните четири меча против Сакрамнето, а сега Кралевите се фаворити

Дури 10 натпревари во НБА-лигата ќе се играат ноќеска, а како дерби може да се издвои дуелот меѓу Сакраменто и Бостон. Домаќините се во одлична форма, но традицијата вели дека Бостон ги доби последните четири меѓусебни средби. Сепак, фактот дека Сакраменто игра дома, ја носи фаворитската улога за Кралевите.

Актуелниот првак Денвер ќе гостува кај Торонто и треба да победи. Рептилите се само со 11 победи во 26 меча и се во долниот дел од табелата на Истокот. Лос Анџелес лејкерс гостува кај Чикаго булс, во меч кој некогаш беше големо дерби предводено од мегаѕвезди.

Најголем фаворит за вечерва е Индијана против Шарлот, а домашниот терен лесно треба да го искористи и Кливленд против Јута џез.

Што се однесува до понудата за „плус-минус“ поени на кошаркарите, дури 68 НБА-играчи се дел од ноќешните средби.

- Оглас -

Најнови вести