Бостон го доби дуелот на последните шампиони, Јокиќ заврши со раскрвавена рака (Видео)

Дуелот на последните НБА шампиони им припадна на кошаркарите на Бостон селтикс, кои на домашен терен славеа над Денвер нагетс со 110-103. Актуелниот шампион доминираше во текот на целиот меч, ја имаше предноста, иако на крајот му дозволи на противникот да ја направи завршницата драматична, сепак, победата не беше доведена во прашање.

Никола Јокиќ мечот го заврши со 20 поени, 14 скока и девет асистенции, односно му недостасуваше само една асистенција за да дојде до трипл-дабл. Србинот во првото полувреме заврши со раскрвавена рака после еден дуел, што можеше да се забележи и на преносот.

- Оглас -

Најнови вести