Бостон селтикс е голем фаворит на гости против Сан Антонио спарс, а Оклахома е во победнички налет и не би требало да има проблеми да стигне до триумф пред своите гледачи против Индијана. Но, во НБА никогаш не се знае, секогаш се можни изненадувања, затоа е и дополнително возбудливо.

Првиот меч од Полноќниот експрес почнува во 22 часот, а Орландо меџик е домаќин на Сакраменто кингс.
Покрај стандардните квоти, тука е и популарната игра плус/минус поени, во која вечерва можете да типувате на поентерскиот ефект на 71 кошаркар од НБА лигата.
