Бостон го шокираше првакот и ќе се игра мајсторка, додека на Западот е познат првиот финалист (Видео)

Во полуфиналето на источната конференција ќе има кулминација во пресметките меѓу Бостон и Милвоки, откако Селтикси успеаа да израмнат на 3:3 во победи. Бостон направи херојски потег и победи на теренот на Милвоки со 108:95, во меч на кој актуелниот првак можеше пред своите навивачи да го прослави влезот во конференциското финале.

Џејсон Татум беше предводник на Бостон со дури 46 поени и девет скока, додека кај поразените своја ноќ имаше и Јанис Адетокумбо со 44 поени и 20 скока, но сепак тоа не беше доволно неговиот тим да се радува.

На Западот е познат првиот финалист. Голден Стејт го елиминираше Мемфис по шест меча со 4:2. Волините не дозволија драма и на свој терен славеа со 110:96, а предводници во победничкиот тим беа Клеј Томпсон со 30 и Стеф Кари со 29 поени. Кај поразениот тим, Брук даде 30 поени.За потсетување е дека Мајами веќе обезбеди место во финалето на Истокот, додека на Западот ќе се игра мајсторка меѓу Феникс санс и Далас маверикс.

- Оглас -

Најнови вести