Бостон и Далас играат против редовни „пациенти“, Дончиќ и Јокиќ треба да одат во „плус“ со поените

Актуелниот НБА-првак Бостон селтикс ќе гостува во Вашингтон против визардс, а се очекува лесна и убедлива победа на шампионот. Бостон има четири победи во низа против Вашингтон и секогаш постигнува над 125 поени. Шампионот и во првиот меч од новата сезона беше поентерски расположен и постигна 132 поени во убедливата победа со 23 разлика против Њујорк.

Домашниот терен треба да го искористи Далас маверикс, кој и оваа сезона е предводен од Лука Дончиќ. Далас има четири победи по ред во дуелите со Сан Антонио, па јасно е зошто и сега е голем фаворит за триумф.

Денвер нагетс ќе има голем предизвик во дуелот против Оклахома, а неизвесно се очекува да биде и на пресметката меѓу Сакраменто и Минесота.

Во понудата на Sport Life има преку 45 кошаркари кои се дел од играта „плус-минус“ поени. Тука се и балканските ѕвезди Лука Дончиќ кој е на „граница“ од 30,5  поени, додека за Никоал Јокиќ, границата е поставена на 25,5 поени.

- Оглас -

Најнови вести