Бостон и Денвер фаворити на гости, многу понеизвесно ќе биде во Њујорк

Три меча ќе се играат ноќеска во плејофот на НБА лигата. Бостон и Денвер веќе имаат предност од 2:0 во победи против Атланта, односно Минесота и сега треба на гостински терен да ја покажат разликата во квалитет.

И Бостон и Денвер ја имаат фаворитската улога на гости, па со нов триумф ќе стигнат до 3:0 во победи и ќе бидар само на еден чекор од пласман во следната фаза.

Њујорк и Кливленд се многу поизрамнети, па засега резултатот е 1:1 во победи. Њујорк вечерва, но и на следниот дуел ќе бидат домаќини.

Во понудата на Sport Life има и 30 кошаркари кои треба да бидат на теренот и на кои може да се обложите на „плус-минус“ поени.

- Оглас -

Најнови вести