Вечерва во арените во САД ќе се одиграат дури 11 натпревари во НБА-лигата и сите имаат по 161 комбинација. Може да се игра на конечен исход, на број на поени, хендикепи, полувреме-крај, број на поени во секоја четвртина, број на поени на секоја екипа посебно, двојни победи и уште еден куп интересни игри.
Дури на осум средби фаворити се домаќините, додека на три квотите се на страната на гостите.
Дербито на вечерта ќе се игра во Бостон, каде што Селтикси го пречекуваат Мајами хит и тоа ќе претставува реприза од финалето на Источната конференција од минатата сезона. Тогаш Мајами славеше со 4-3 во победи иако имаше водство од 3-0.
Сега квотите се на страната на Бостон селтикс, кој летово се засили со Џру Холидеј и Кристапс Порзингис и заедно со Милвоки бакс се главни фаворити за пласман во големото НБА-финале од Источната конференција.
Шампионот Денвер нагетс по победата над ЛА лејкерс на отворањето на новата сезона, вечерва му гостува на Мемфис гризлис, кој мора да игра без својот најдобар играч, Џа Морант, кој е суспендиран од комесарот на НБА-лигата, Адам Силвер.
Освен на мечевите, фантастична е понудата на кошаркари. Дури 97-мина играчи кои ноќеска треба да се појават на паркетот се дел од понудата во Sport Life за „плус-минус“ поени.
Фаворити за плус поени над предложената граница се Кајл Лаури, Дилон Брукс, Никола Вучевиќ, Ендрју Вигинс, Деандре Ајтон…