Бостон испушти „+17“, Жешките сè поблиску до големото финале (видео)

Со победата од 106:101, Мајами хит дојде до предност од 2-0 во финалната серија против Бостон селтикс во Источната конференција. Жешките повторно надополнуваа двоцифрена негатива како во првиот меч, но овојпат за триумфот не им беа потребни дополнителни пет минути.

Предводена од одличниот Горан Драгиќ, екипата на Мајами се врати по 17 поени разлика во корист на Келтите и направи голем исчекор кон големото финале на НБА-лигата, каде [to што последен пат се најдоа во 2014 година.

Клучна беше третата четвртина која Хит ја доби со 37-17, како и завршните минути од мечот во кои Батлер демонстрираше цврста одбрана со три украдени топки, со кои му овозможи на својот тим да ја запише втората победа во серијата.

Драгиќ со 25 поени и 5 асистенции беше најефикасен во мечот, Адебајо со дабл-дабл од 21 поен и 10 скока исто така се издвои за Мајами. Триото на Бостон Вокер (23) – Тејтум (21) – Браун (21) комбинираше 65 поени, но недоволно за да се избегне поразот.

- Оглас -

Најнови вести