Бостон ја доби неверојатната драма со две продолженија против ЛА клиперс (Видео)

Бостон селтикс ги израдува своите навивачи откако во еден од најдраматичните мечеви сезонава славеше против Лос Анџелес клиперс со 141:133. Во текот на целиот меч се водеше израмнета битка и на крајот некако очекувано беше да има дополнителна драма.

Домаќините се тие кои имаа две меч-топки кои не ги искористија. Бостон го имаше последниот напад и во регуларниот дел, а потоа и во првото продолжение, но шутевите на домашните кошаркари беа непрецизни. За да не мора да решаваат повторно во последниот напад, Бостон се потруди со добра игра во второто продолжение, кога стигна до солидна предност и на крајот славеше победа од осум разлика.

Џејсон Татум со 39 поени беше најобар стрелец на теренот и предводник на Бостон, а Смарт даде 31 поен во победничкиот тим. Кај Клиперс најпрецизен беше Вилијамс со 35 поени.

Во вториот меч кој се играше утрово, Оклахома со 123:118 славеше на гости кај Њу Орлаеанс. Во НБА сега следи Олстар-викендот и шоуто кое треба да го приредат најдобрите НБА-играчи.

- Оглас -

Најнови вести