8001 Бостон селтикс – Мајами хит (НБА, 02:30 часот)
По три одиграни натпревари, „жешките“ имаат предност од 2:1, а за оваа средба очекуваме триумф на домаќините. Со тоа, серијата во Мајами ќе продолжи со егал, а Бостон нема да сака да си дозволи вечерва нов кикс во „ТД Гарден“.
Џејсон Татум и Маркус Смарт ќе ги водат домаќините, додека на спротивната страна Џими Батлер ќе биде лидерот на Мајами.
Малиот број на поени за оваа средба е загарантиран, но ние типуваме и на победа на домаќиниот.
Предлог тип:1&<206.5 (2.80)
8201 Тампа беј лајтнинг – Флорида пантерс (НХЛ, 01:00 часот)
Актуелниот првак демонтрира сила против тимот кој што заврши уверливо на првото место во источната конференција.
Тампа има предност од 3:0 против „пантерси“ и сега ќе имаат шанса за популарна „метла“ односно триумф од 4:0 и пласман во дивизиското финале.
Домашниот терен ќе биде голема предност за нив во обидот да стигнат до финалето, а со тоа да имаат и неколку дена повеќе одмор во однос на конкурентите.
Предлог тип: 1 (2.30)
8426 Сент Луис блус – Колорадо аваланш (НХЛ, 03:30 часот)
Домашниот терен барем досега не беше предност за Сент Луис кој што ја загуби првата средба од Колорадо.
Сега не смее да има таков пропуст бидејќи противникот ќе дојде до предност од 3:1 со што серијата ќе замине на нивен терен во Колорадо, каде ќе им биде потребна само една победа.
Резултатот од 2:5 никако не смее да се повтори за Сент Луис од кои што очекуваме далеку подобра одбрана, но и мал број на голови за оваа средба.
Предлог тип: <5.5 (2.55)
8335 Џејсон Татум (Бостон селтикс – Мајами хит, 02:30 часот)
Најдобриот играч на Бостон вечерва мора да биде на врвно ниво, особено по катастрофалниот последен меч. Татум тогаш постигна само 10 поени а имаше катастрофален учинок од три постигнати обиди од 14 упатени шутеви, што е далеку под неговите стандарди.
Тој нема друга опција освен сега да ги поведе селтикси, а како по обичај, по секој негов лош меч во плеј офот, следниот му е блескав и редовно уфрла над 30 поени.
Предлог тип: Џејсон Татум >27.5 (1.78)
8390 Бем Адебајо (Бостон селтикс – Мајами хит, 02:30 часот)
„Специјалецот“ за скокови во редовите на Мајами ќе има полни раце работа и во двата обрачи. Бем Адебајо е еден од најснажните играчи во НБА иако има висина од „само“ 2.06 метри.
Неговиот број на скокови редовно е двоцифрен по натпревар, а за оваа средба Sport Life му нуди граница од 8.5 за која што сметаме дека лесно ќе биде надминлива.
Предлог тип: Бем Адебајо >8.5 скокови (1.80)