Бостон ќе ги приземји Пеликаните, време е Ленард да му одржи лекција на Јанис

8416 Бостон селтикс – Њу Орлеанс пеликанс (01:30ч)

Бостон ја заврши екскурзијата со две победи и два порази, по што се враќа да го одбрани домашниот терен од незгодните Пеликани. Иако младиот состав на Њу Орлеанс засега не го оправдува потенцијалот, и тоа како може да се надигрува со било која екипа, па затоа ноќеска ќе му приреди тежок дуел на Бостон.

Њу Орлеанс ги доби последните два дуели против Селтикс, меѓутоа во „ТД Гарден“ нема победено од јануари 2018 година, што значи дека гостувањето во Масачусетс редовно е тешка мисија за Зајон и дружината.

Она што треба да се знае е дека двете екипи редовно приредуваа ефикасни средби, па истото може да се случи и во овој дуел.

Предлог тип: 1 & >230,5 поени (3.25)

 

8333 Џими Батлер (Њујорк никс – Мајами хит, 01:30ч)

Батлер застана точно под својата граница во поени во поразот од Шарлот, а воедно веќе два меча нема постигнато повеќе од 20 поени.

Мајами е во кризен период, ги загуби последните шест меча, а сега им следува тешко гостување во култната „Медисон сквер гарден“, каде што Жешките добија три од последните пет гостувања.

Затоа може да се очекува прекин на црната серија на вицешампионот кој ќе го приреди токму Батлер.

Предлог тип: Батлер >20,5 поени (1.87)

 

8350 Лука Дончиќ (Оклахома сити тандер – Далас маверикс, 02ч)

Дончиќ по две пропуштени средби се враќа во составот на Далас и ќе треба да го предводи својот тим до победа бидејќи Маверикс ги загубија претходните два натпревари.

На последните пет гостувања во Оклахома, Далас славеше во два наврати, а за да го подобри учинокот потребно е од Дончиќ да ја покаже својата магија и без потешкотии да оди на 30+ поени.

Предлог тип: Дончиќ >27,5 поени (1.80)

 

8385 Никола Вучевиќ (Голден стејт вориорс – Чикаго булс, 04ч)

Вучевиќ брилјираше во дебито за Булс со 21 поен и 9 скока во поразот од Сан Антонио, а сега ќе треба да го искористи својот квалитет во рекетот да ги надигра Воините.

Голден стејт е без лидерот Кари за овој меч кој има повреда на грбот, па затоа нема да биде изненадување доколку тимот на Стив Кер го претрпи и петтиот пораз во низа.

Вучевиќ од Орландо пристигна со просек од 21 поен по натпревар, потребни се три поени повеќе за ноќеска да биде плус.

Предлог тип: Вучевиќ >23,5 поени (1.87)

 

8396 ЛА клиперс – Милвоки бакс (04ч)

Време е Клиперси на чело со Ленард и Џорџ да им одржат лекција на Елените предводени од Јанис Адетокумбо, кои славеа во четири последователни меѓусебни пресметки.

Клиперс се во серија од пет победи, што е подобра форма од двата врзани порази на Милвоки и тоа треба да го искористат домаќините за да го добијат дербито на ноќта.

Во серијата победи на Милвоки против Клиперс, во зависност од мечевите се истакнуваа одбраните, но и нападите, па затоа е тешко да се предвиди дали ноќеска ќе има многу поени или пак ќе се игра на сигурно.

Предлог тип: 1 (1.71)

- Оглас -

Најнови вести