Сакраменто кингс – Бостон селтикс (04:00 часот)
„Келтите“ вчера изненадија со гостинскиот триумф кај шампионот Голден стејт, а нивното патување низ Калифорнија продолжува во главниот град на оваа држава. Со Сакраменто за првпат ќе се сретнат во оваа сезона, една година по нивното последно гостување кога славеа против „кралевите“ со 93:104.
Двете екипи во овој дуел ќе влезат со иста форма, со по три порази и две победи од последните пет меча, така што позитивен резултат за која било екипа ќе значи поправање на учинокот во клучниот дел од сезоната.
Предлог тип: 2 хен. 2.5 (1.90)
Њу Орлеанс пеликанс – Јута џез (02:00 часот)
„Пеликаните“ ноќта меѓу вторник и среда гостуваа во Јута и победија (112:115), а сега тие се во улога на домаќини против „џезерите“. Иако недостасува Ентони Дејвис, Њу Орлеанс победува на погон на расположените Рендл и Холидеј, кои се во одлична форма, па имаат добра шанса да ја продолжат победничката серија на четири меча.
Сепак, Јута знае како се игра на паркетот од „пеликаните“, пред вчерашниот пораз имаа три последователни триумфи како гости кога играат против оваа екипа, така што ќе се стремат уште еднаш да остварат позитивен резултат и воедно да се реваншираат.
Предлог тип: <227.5 (2.0)
Атланта хокс – Сан Антонио спарс (01:30 часот)
Демар Дерозен е човекот кој треба да го одржи високиот ритам на Спарсите и да го одведе тимот кој го води Грег Попович до нова победа. По три победи на домашен терен, Сан Антонио тргнува на пат кон Атланта во Источната конференција, каде што ќе сака да ја продолжи серијата и што побрзо да обезбеди место во плејофот, односно да го завери осмото место иако до крајот треба да се одиграат уште 17 меча.
На „јастребите“ им е сеедно дали ќе победат, тие сигурно нема да играат плејоф, но секогаш е убаво да се слави против повеќекратен НБА-првак.
Предлог тип: Д. Дерозен >21.5 (1.87)
ЛА лејкерс – Денвер нагетс (04:30 часот)
Кога сите мислеа дека не може да биде полошо за Лејкерс, во раните утрински часови од четврток го пречекуваат тимот на Денвер, и тоа без неколку првотимци. Повредени се Бол, Кузма, Инграм, Чендлер и Стивенсон, па целиот товар паѓа на Џејмс. Но, тој тешко дека може сам да го победи тимот, кој има амбиции да се бори за шампионска титула.
Двете екипи во овој меч ќе влезат со по три порази во низа, јасно е дека ќе сакаат што порано да закрепнат од слабиот учинок, додека со нов пораз „езерџиите“ ќе ги загубат сите шанси за пласман во разигрувањата.
Предлог тип: <224.5 (2.0)
Вегас голден најтс – Калгари флејмс (04:30 часот)
Калгари гостува во Градот на Коцката, таму каде што никогаш не успеале да слават. Лидерот од Западот ги загуби сите три гостувања кај „златните витези“, а тешките порази од Минесота и Торонто на домашен терен можеби уште ќе влијаат врз хокеарите на Калгари, а сето тоа треба да го искористи вицешампионот.
Вегас само еднаш загуби во последните пет меча, а сега ќе има прилика против најдобриот тим од Западот да наниже и петта победа во низа.
Предлог тип: >6.5 (2.40)