Актуелниот НБА-првак Бостон селтикс е во незавидна ситуација и веќе нема право на кикс. Бостон губи со 1:3 од Њујорк, а вечерва игра на свој терен и е во обид да остане во трка за конференциското финале.
Според квотите, Бостон е во улога на фаворит, но Њујорк победи на двете гостувања во оваа серија против шампионот. Доколку Њујорк успее повторно да изненади на теренот во Бостон, Никси ќе се радуваат на конференциско финале за првпат по пауза од 25 години.
Меч-топка, но на свој терен има и Минесота во дуелот со Голден Стејт. Кај Воините и на овој натпревар нема да игра Сетф Кари, кој е повреден, па речиси минимални се шансите на гостите да изненадат.
Во понудата за „плус-минус“ на кошаркарите кои ноќеска треба да бидат на теренот има огромна понуда за бројот на постигнати поени, поделени асистенции, остварени скокови, но и постигнати тројки.