Бостон нема проблеми со Индијана, прва победа за Оклахома против Портланд

Кајри Ирвинг умешно го предводи Бостонс селтикс кон полуфиналето во плјофот во Источната конференција, а неговиот тим веќе води со 3:0 против Индијана.

Пејсерс се обидоа да направат пресврт во финишот на првиот дуел што го играа како домаќини, но Ирвинг не дозволи и го доведе својот тим до триумф од 104:96. Кајри го заврши мечот со 19 поени, 10 асистенции и пет скока.

Џејлен Браун беше најефикасен на мечот со 23 поени. И следниот меч се игра во Индијанаполис, а Индијана не смее да загуби, ако сака да продолжи да се надева на подвиг.

И Торонто репторс се многу блиску до полуфинале на Истокот во НБА, по триумфот од 98:93 против Орландо на гостински терен. Блескаше Паскал Сиакам со 30 поени и 11 скока, за брејк на Репторс и предност од 2:1 во плејоф серијата од првото коло.

Прва победа против Портланд забележаа кошаркарите на Оклахома, предводени од одличниот Расел Вестбрук. Ол-стар бекот на домаќините постигна 33 поени, со 11 асистенции и пет скока за триумф на Тандерс од 120:108 и намалување на негативата на 1:2.

Кај Портланд прв стрелец беше Лилард со 32 поени.

- Оглас -

Најнови вести