Најдобриот тим на Источната конференција, Кливленд, без многу мака славеше на гостувањето кај најслабата екипа на Западната конференција, тимот на Јута. Кливленд победи со 120:91 и ја прекина низата од четири порази. Јута даваше отпор во првиот дел во првото полувреме, кога заостануваше само од шест поени, но во вториот дел Кливленд го засили темпото и стигна до убедлива победа. Ова беше класично тимски триумф затоа што сите 13-мина играчи на Кливленд постигнаа поени, а дури шестмина беа двоцифрени.
Бостон стигна до 10-тата победа во последните 11 меча откако славеше на гостувањето кај Портланд. Уште по првата четвртина гостите стигнаа до двоцифрена предност (34:24) и потоа не му дозволија на домаќинот да се понадева дека може да направи пресврт.
Мајами хит ги израдува своите фанови откако со 122:105 го победи Шарлот. Со оваа победа Жешките прекинаа очајна низа од 10 порази по ред и остануваат со шанси за влез во плејофот.
Резултати од мечевите одиграни синоќа во НБА-лигата: Детроит – Њу Орлеанс 136:130, Јута – Кливленд 91:120, Торонто – Сан Антонио 89:123, Портланд – Бостон 116:129, Мајами – Шарлот 122:105, Атланта – Филаделфија 132:119, Хјустон – Денвер 111:116, ЛА клиперс – Оклахома 101:103.