Бостон покажа сила и израмни против Жешките од Мајами (ВИДЕО)

Екипата на Бостој селтикс ја израмни финалната серија во Истокот на 1:1 против Мајами хит откако на гостувањето победи со 127:102.

Победникот беше познат уште по првото полувреме, кога Селтикс имаа неверојатни 70:45. Џејсон Татум со 27 и Маркус Смарт со 24 уфрлени поени беа најефикасни кај победничкиот тим, додека Џими Батлер имаше 29 уфрлени поени, но попусто.

Серијата сега се сели во Бостон, а првиот меч се игра за два дена, односно во недела наутро од 02:30 часот според средноевропско време.

Вечерва, пак, од 03 часот на програмата е вториот финален меч од Западот, каде што ќе се сретнат екипите на Голден стејт ворирорс и Далас маверикс, а резултатот е 1:1 за Воините.

 

- Оглас -

Најнови вести