Вечерва во НБА лигата се играат седум натпревари, а според квотите за конечен тип, најголема сигурица треба да биде победа на Бостон селтикс против Далас маверикс.
Овој меч фановите на Бостон го чекаат со нетрпение, бидејќи се очекува сезонско деби на ѕвездата Џејсон Тејтум кој минатата сезона имаше просек од 26,8 поени, 8,7 скока и 6 асистенции по натпревар.
Тејтум се повреди во мај минатата година и 10 месеци нема играно. Сега конечно е фит и неговиот камбек на паркетот ќе биде голем плус за Селтикс во последниот дел од регуларната сезона и плејофот.
Денеска му е роденден на славниот Шекил О‘Нил, па и Лос Анџелес лејкерс ќе имаат мотиви во негова чест да го добијат дуелот со Индијана.
Дерби на вечерта е Денвер – Њујорк, дуел на петтиот на Западот со третиот на Истокот и пресметка на топ поентери како Никола Јокиќ и Џејлен Брансон кои ги има на листата на Sport Life од 75 кошаркари на кои може да се обложите колку поени ќе постигнат вечерва.


