Бостон урна сопствен рекорд, „експлозија“ на Ембид (видео)

Бостон селтикс ноќеска го совлада тимот на Милвоки бакс со 117:113, нанесувајќи го првиот пораз на „елените“ за сезонава. „Келтите“ до победата стигнаа откако го соборија сопствениот рекорд во реализирани шутеви за три, постигнаа вкупно 24.

Со 28 поени и седум асистенции, Кајри Ирвин го предводеше тимот на Бостон до шестиот триумф, Хорфорд додаде 18 поени и осум асистеции. Во тимот на Милвоки, Адетокумбо како прва ѕвезда на тимот беше и најефикасен со 33 поени и 11 скока, а за победа не беа доволни ниту 32 поени на Бледсо.

 

Филаделфија до петтиот триумф сезонава стигна откако го совлада тимот на ЛА клиперс со 122:113. Свое шоу на средбата приреди Џоел Ембид, реализирајќи дабл-дабл учинок од 41 поени и 13 скока. Џеј Џеј Редик придонесе со 18 поени, додека на другата страна Вилијамс и Галинари уфрлија по 26, односно 25 поени.

 

Во останатите дуели кои се одиграа ноќеска, Денвер го совлада Кливленд со 110:91, Оклахома победи на гости кај Шарлот со 111:107, Сакраменто постигна 146 поени во победата над Атланта (146:115), а Портланд убедливо славеше против Њу Орлеанс со 132.119.

- Оглас -

Најнови вести