25.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Бостон вечерва и официјално треба да обезбеди пласман во плејофот (Фото)

Вечерва во арените во САД ќе се одиграат осум натпревари, а Sport Life подготви понуда со по 154 комбинации за играње.

Може да се игра на конечен резултат, на број на поени, хендикепи, полувреме-крај, број на поени во секоја четвртина, број на поени на секоја екипа посебно, двојни победи и уште еден куп интересни игри.

 

Најдобриот тим во НБА-лигата, Бостон селтикс (53-14), вечерва пред своите гледачи во „Ти-Ди гарден“ може да стане првиот тим кој и официјално ќе обезбеди пласман во разигрувањето на титулата. Келтите играат против вториот најслаб тим на Истокот, Детроит пистонс (12-55), и на 15 меча до крајот на регуларниот дел од сезоната имаат точно 15 победи повеќе од шестата Индијана пејсерс (38-30).

Бостон славеше на првиот меѓусебени дуел сезонава, но мораше да остане „прекувремено“ бидејќи победи по продолжението од пет минути (128:122). Квотата за вечерва да победи е најмала од сите осум дуели и изнесува 1.08.

На останатите мечеви, квотите ги фаворизираат домаќините дури на шест од седумте меча. Поблиску до победите се ЛА лејкерс против Атланта, Сакраменто против Мемфис, Голден стејт против Њујорк, Филаделфија против Мајами, Индијана против Кливленд. Единствен гостински тим кој е фаворит е Минесота, која ѝ гостува на Јута џез.

Освен на мечевите, одлична е и понудата на кошаркари за играта „плус-минус“ поени и на неа има дури 55-мина кошаркари. Фаворити да ја надминат границата се играчи како: Тарнер, Канингам, Херис, Ајтон, Марканен, Кари, Куминга, Богдановиќ, Расел…

 

- Оглас -

Најнови вести