Фигејренсе – Ботафого СП (Бразил 2, 00.15)
Двата клуба имаат долга традиција на постоење и во минатото имале и солидни резултати, но сега играат во Серија Б. Популарните „Пантери на Америка“, Ботафого, важат за расадник на таленти, а најпознато име секако е докторот за фудбал и еден од најдобрите играчи во историјата на бразилскиот фудбал, Сократес.
Ботафого има подбри резултати на стартот од шампионатот и се наоѓа на второто место. За разлика од нив, Фигејренсе, од каде што потекнува напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмино, игра скромно и е на деветтата позоција по 7 кола.
Имаат само 3 победи на последните 20 натпревари, но на домашен терен се тврд орев само со еден пораз на последните 9 натпревари.
Коефициентите се скоро израмнети, а ремито е најлогичен исход.
Предлог тип: Х (2.85)
Брагантино – Америка МГ (Бразил 2, 01.30 часот)
Брагантино е лидер во Серија Б и заедно со Ботафого се состави со најцврста одбрана во Лигата. Примија само 2 гола, а и во офанзивниот дел се солидни, како тим што е втор најефикасен со 11 голови.
Ноќеска тие се фаворити против Америка Минеиро, клуб што лани испадна од елитниот ранг на натпреварување во Бразил.
За Брагантино сега настапува нам добро познатиот Итало, фудбалер што играше за Вардар во 2017/18 и на девет меча постигна 3 гола за најтрофејниот македонски клуб.
Клубот од Сао Паоло игра подобро на стартот од шампионатот и ќе типуваме дека ќе ја победи Америка.
Предлог тип: 1 (1.67)
Спорт Ресифе – ЦРБ (Бразил 2, 02.30 часот)
Спорт Ресифе е поранешен шампион на Бразил, а сè уште ја памети единствената титула од 1987 година. Добро го почна новиот шампионат во Серија Б и има амбиции за камбек во највисок ранг.
ЦРБ нема некаква посебна традиција и впечатливи успеси, а по стартните 7 кола, се наоѓа на седмото место, што е солидно за него.
Во овој милениум меѓу себе одиграа 8 меча и билансот им е 2:2 во победи со четири нерешени. Ноќеска Спорт Ресифе има поголеми шанси прв да стигне до третата победа во дуелите со ЦР Бразил во деветтиот меѓусебен меч од 2000 година наваму.
Предлог тип: 1 (1.60)
Парана – Операриро (Бразил 2, 02.30 часот)
Парана е еден од најмладите клубови основан во 1989 година, но веќе играше во највисок ранг, а стигна и до Копа Либертадорес, пред 12 години, кога Либертад од Парагвај ги елиминираше во осминафиналето.
Интересно е што Парана има неколку играчи во ростерот што се позајмени од други клубови, а се истакнува двоецот Клебер, кој играше за Хамбургер и Енрике, кој сè уште е играч на Атлетико Мадрид.
Имаат амбиции да се борат за горниот дел од табелата, па и ако им се укаже шанса и да се вратат во Серија А во Бразил.
Операрио е исто така клуб од државата Парана во Бразил, има 107-годишна традиција, но само еднаш има играно во Серија А. Нема позначајни успеси, а интересни се меѓусебните дуели на овие две екипи.
Досега одиграа 8 натпревари и само на еден Операрио како домаќин победи, сите останати 7 меча завршија со поволен исход за гостинската екипа, односно реми или победа.
Парана може да се вклучи во битката за првите четири позиции, Операрио ќе бие битка за опстанок, па ќе типуваме дека домаќините за првпат ќе го победат локалниот ривал на свој терен.
Предлог тип: 1 (2.22)
Универзидад Католика – Униао Еспањола (Чиле, 02.30 часот)
Ова е дерби на 14-тото коло во најквалитетната лига на Чиле, а лидерот Универзидад Католика со победа ќе го освои првиот дел од шампионатот, пред настапот на репрезентацијата на Копа Америка.
Универзидад е една од најтрофејните и најпознати екипи во Чиле, или дел од големото трио во една од најфудбалските земји во Јужна Америка. Има 13 титули и ја брани круната од лани, но ќе биде тешко против „Шпанците“ во градското дерби на Сантијаго де Чиле.
Униао Еспањола има 7 титули, има одлично реноме и е незгоден противник, кој ќе се обиде да направи подвиг и да се доближи на еден бод до втората позиција што ја има Коло Коло.
Во последно време градското дерби е мошне ефикасно, на пет од последните шест меча имаше Гол-гол, па и сега ќе типуваме дека ќе паѓаат голови на двете страни.
Предлог тип: ГГ&3+ (2.22)