Ботафого победи, но Сиетл испиша историја, Порто и Палмеирас беа без „муниција“ (Видео)

Во текот на ноќта се одиграа два меча на Светското клупско првенство. Во групата А Палмеирас и Порто ремизираа без голови. Бразилците беа малку поопасни, повеќе ја имаа топката во своите нозе и упатија повеќе шутеви кон противничкиот гол, но не успеаја да ја пробијат одбраната на Порто. Интересно е дека и првиот меч во оваа група, меѓу Интер Мајами и Ал-Ахли, заврши без голови.

Вториот бразилски тим на овој турнир, Ботафого, славеше против Сиетел со 2:1. Ботафого ја оправда фаворитската улога и уште во првото полувреме постигна два гола за сигурна предност. Жаир погоди со глава во 28-мата минута, по нафрлувањето на Алекс Тељас за водство од 1:0.

И вториот погодок на Ботафого беше постигнат со глава, и тоа во 44-тата минута, кога прецизен беше Игор Жезус. Во второто полувреме Сиетл успеа да постигне почесен погодок во 75-тата минута, кога прецизен беше Кристијан Ролдан. Овој погодок на Ролдан е историски за американскиот фудбал затоа што е прв што некој тим од САД го постигнува на Светско клупско првенство.

- Оглас -

Најнови вести