Ботафого по Хонда, носи уште една светска ѕвезда

Нигерискиот фудбалски репрезентативец, Џон Оби Микел, наскоро би можелo да стане член на бразилскиот клуб Ботафого од Рио де Жанеиро и со тоа да стане соиграч на јапонската ѕвезда Кеисуке Хонда. Ботафого го сакаше и Јаја Туре, но засега нема договор.

Оби Микел, кој цела деценија го носеше дресот на Челзи, играше за лидерот на турското првенство Трабзонспор, но си замина кога почна кризата со Коронавирусот. Од Ботафого стапиле во контакт со него и биле блиску до договор, но работата е забавена бидејќи поради вирусот, во прекин е и бразилското првенство кое е во почетна фаза.

Оби Микел има играно во Бразил, и тоа во 2014 година, како репрезентативец на Нигерија на Мундијалот. Две години подоцна стана и капитен на Орлите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести