Ботас и Хамилтон покажаа кој ќе доминира и сезонава во Ф1

Валтери Ботас ќе стартува од пол позицијата на првата трка од скратената сезона во Формула 1 шампионатот. Во драматична борба за тоа кој ќе стартува од првото место на утрешната трка, Ботас заврши со време од 1:02.939 минута. Тоа беше доволно да е за 12 стотинки подобар од својот клупски колега и актуелен шампион, Луис Хамилтон.

третото најбрзо време денеска го имаше Макс Верстапен, а зад него се најде Ландо Норис. За Ботас ова е 12-та пол позиција во кариерата.

Трката за големата награда на Австрија е прва од осумте кои се планирани да се возат во скратената сезона. Спорд планот, истата патека и следната недела ќе биде домаќин на најдобрите возачи, а две трки планирано е да се возат и на патеката „Силверстоун“ во Англија. Од трките кои се на овој календар ќе има трки и на патеките во Унгарија, Шпанија, Белгија и Италија.

- Оглас -

Најнови вести