Валтери Ботас ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка за Големата награда на Кина. Веднаш до Ботас ќе биде вториот возач на Мерцедес, Луис Хамилтон, додека трет ќе стартува возачот на Ферари Себастијан Фетел. Сите возачи имаат голем мотив пред трката, бидејќи тоа ќе биде јубилејна 1.000-та трка во историјата на Формула 1 шампионатот.
Во квалификациите немаше многу возбудувања, бидејќи возачите на Мерцедес доминираа уште од самиот почеток. На крајот, Ботас имаше време од 1:31,547 минута, додека Хамилтон заостана само 23 десетинки. Фетел ќе се обиде од третата стартна позиција да изненади. Во квалификациите, зад најбрзите тројца се најдоа: Верстапен, Гисли, Рикардо, Хулкенберг, Магнусен и Грожан.