Ботас најбрз на спринтот, Ферстапен на пол-позиција

Макс Ферстапен ќе тргне од пол-позиција на утрешната трка за Големата награда на Италија, која ќе се вози на патеката Монца. Пилотот на Ред Бул беше втор на денешниот спринт, и освои два поени, но најбрзиот на трката која траеше 100 километри, Валтери Ботас, нема да тргне од пол-позицијата, затоа што го смени моторот на својот Мерцедес.

Покрај Ферстапен кој е лидер во генералниот пласман, од првиот ред ќе стартува Даниел Рикјардо. Од 2018 наваму, не се случило Макс и Даниел да тргнат од првите две места. Во вториот ред ќе бидат Ландо Норис и Луис Хамилтон. Првакот стартуваше како втор на денешниот спринт, но целосно потфрли, имаше многу лош старт, па утре на трката ќе има тешка задача.

- Оглас -

Најнови вести