Ботас за седум илјадитинки му ја скрати радоста на Хамилтон да го прослави јубилејот кој го чека

Валтери Ботас ќе стартува од пол-позицијата на утрешната формула 1 трка во Португалија. На квалификациите Ботас имаше време од 1:18.348 и за само седум илјадити делови од секундата беше побрз од неговиот клупски колега Луис Хамилтон кој заврши со време од 1:18.355.

Хамилтон очекуваше дека на овие квалификации ќе стигне до јубилејната 100-та пол позиција, нешто што не му успеало на ниеден возач во историјата на Ф1.

Зад болидите на Мерцедес се најде двоецот на Ред Бул, Макс Верстапен и Серхио Перес. Верстапен задоцни за 0,4 секунди додека Перес имаше заостанување за половина секунда.

- Оглас -

Најнови вести