Бове пуштен од болница, останувањето во Серија А под знак прашалник

Фудбалерот на Фиорентина, Едоардо Бове, денес е отпуштен од болничко лекување и пуштен на домашно, информираа од членот на Серија А. Бове колабираше на мечот против Интер, а потоа му беше вграден дефибрилатор за подобра работа на срцето.

Во Италија е забрането играње со дефибрилатор на срцето, таков беше случајот и со Кристијан Ериксен, кој мораше да си замине од Интер, откако му беше вграден таков апарат.

Пред Бове сега е тешка одлука, дали ќе продолжи да го носи дефибрилаторот и ќе си замине од Серија А или ќе одлучи да го отстрани апаратот за работа на срцето и ќе продолжи да го носи дресот на Фиорентина. 22-годишниот фудбалер е пред навистина тешка одлука.

- Оглас -

Најнови вести