Boxing Day ќе почне со Мурињо, а ќе заврши со меч на ривалите за титула

Во најголем дел од земјите во Европа денеска се празнува Божиќ. Од фудбалски аспект, тоа е најсиромашниот ден со возбудувања и најмалку мечеви. Сепак, веднаш по Божиќ, следува „Денот на подароците“. На популарниот Boxing Day освен подароците меѓу најблиските, има и фудбалско шоу во Англија.

Уште во далечната 1860 година на овој ден на Островот играа Шефилд и Харлем. Тоа е првиот меч одигран на Boxing Day во историјата. Потоа, во 1888 година, на 26 декември Престон со убедливи 5:0 го победи Дерби и на тој начин започна традицијата.

Од таа година, за време на божиќните празници низ Англија се играат фудбалски мечеви. Најчесто тоа се дуели на екипи кои не треба долго да патуваат, но речиси редовно има и атрактивни мечеви. Оваа година возбудувањата на Boxing Day ќе започнат со дуелот меѓу Тотенхем и Брајтон во 13:30 часот.

Потоа од 16 часот се најголем дел од натпреварите. Астон вила игра против Норвич, Арсенал ќе гостува кај Борнмут, а деби на клупата на Топчиите ќе има Микел Артета. Челзи на свој терен игра против Саутхемптон, Кристал палас против Вест хем, а Евертон е домаќин на Барнли. Ватфорд, кој во минатото коло го победи Манчестер јунајтед, сега ќе игра со Шефилд.

На „Олд Трафорд“ ќе има возбудлив дуел од 18:30 часот меѓу Манчестер јунајтед и Њукасл. По традиција овие два тима знаат да одиграат интересен меч со многу голови.

Последниот меч од Boxing Day е закажан за 21 часот, и тоа меѓу Лестер и Ливерпул. Дуелот се игра на стадионот „Кинг Пауел“, а второпласираниот тим го пречекува лидерот. Моментно Ливерпул има 10 бода пред Лисиците и меч помалку, па со евентуална победа на ова гостување, може да бидат решени многу дилеми во трката за трофејот.

Мечевите на Boxing Day се асоцијација и за многу голови. Рекордот кој е запишан од 1963 година вели дека на „Денот на подароците“ имало вкупно 66 погодоци во англиското првенство. Рекордната победа на Boxing Day ја има Фулам, кој со 10:1 го растурил Ипсвич.

 

- Оглас -

Најнови вести