Новак Ѓоковиќ ја користи секоја прилика кога дава интервјуа и знае дека го снимаат камерите, да ја покаже својата амајлија, крстот од Хиландар.
Српскиот ас постојано го прави истото кога даде изјава, односно ги истакнува крстовите. Ова доби огромен одзив и на социјалните мрежи, многумина сметаат дека тоа го прави од инает кон организаторите на Олимписките игри поради церемонијата на отворањето во која имаше сцени протолкувани како исмевање на „Тајната вечера“ и христијанството.
Вечерва Новак игра четвртфинале против Стефанос Циципас и тоа ќе му биде прв сериозен тест во Париз. Победа би го донела на чекор од медал, а пораз би значел дека кариерата ќе ја заврши без олимписко злато.
Novak Djokovic sends powerful message to the Paris Olympics, days after the Opening Ceremony mocked Jesus.
The tennis champion proudly pulled out his Christian Cross during an interview and displayed it for the camera. pic.twitter.com/fgHlmEOdBD
— Oli London (@OliLondonTV) July 31, 2024