Божидар Маљковиќ беше во право кога кажа дека Ѓоковиќ не бил опериран?!

Брзото закрепнување на менискусот на коленото и добрата игра на Новак Ѓоковиќ на стартот на Вимблдон предизвикаа сомнеж кај швајцарските медиуми дека српскиот тенисер лажел дека имал операција по повлекувањето од „Ролан Гарос“ пред околу еден месец.

Тешко е да се поверува дека голем спортист како Новак би можело да лажира операција, но има и такви кои не веруваат дека Ѓоковиќ бил опериран.

Швајцарците овие сомнежи ги темелат врз изјавата на претседателот на Олимпискиот комитет на Србија, Божидар Маљковиќ, кој дента кога целиот свет објави дека Новак имал операција, даде шокантна изјава дека според неговите информации кои ги добил од чичкото на Ѓоковиќ, Новак немал никаква операција.

 

- Оглас -

Најнови вести