Божиќен подарок за Милвоки бакс, Јанис може да игра вечерва против Бостон

Божиќната НБА понуда нуди пет натпревари, од кои првите два се во рани термини од 18 и 20.30 часот по средноевропско време.

Милвоки бакс од 20.30 го пречекува Бостон селтикс, а добрата вест за Елените е што Јанис Адетокумбо излезе од карантин и има право на настап. Ова ги подобрува шансите на шампионот за победа, но уште не е дефинитивно дали ќе игра, или ќе седи на клупа.

Огромен е бројот на заразени кошаркари во НБА, меѓу нив и Кевин Дурант, кој сигурно нема да игра на вечерашното дерби помеѓу Бруклин нетс и Лос Анџелес лејкерс. Ќе го нема и Лука Дончиќ, кој нема да му помогне на Далас против Јута.

- Оглас -

Најнови вести